Skip to main content
Хроника

Заталкан куршум во Гостивар заврши во автомобил

27/01/2025  16:52

На 26.01.2025 во 12.00 часот во ОВР Гостивар, Б.Б.(61) од Мало Турчане, гостиварско, пријавил дека во периодот од 19.00 часот на 25.01.2025 до 10.00 часот на 26.01.2025 во дворот на неговата семејна куќа во селото, од заталкан куршум од огнено оружје било оштетено неговото патничко возило ,,фолсаваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки.

„Извршен е увид и зрното е пронајдено и подигнато од местото. Се работи на целосно расчистување и документирање на случајот.“, информира полицијата.