Skip to main content
Хроника

Засилени контроли на скопските улици – Приведен малолетник, санкционирани повеќе возачи

07/02/2026  22:58

Малолетник е лишен од слобода поради безобѕирно управување со возило во рамки на зајакната акциска контрола што денеска (07.02.2026) во периодот од 14:00 до 20:00 часот ја спроведе СВР Скопје.

Како што информираат од полицијата, акцијата била реализирана од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за недозволена трговија, при што против малолетникот ќе следува соодветна постапка за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – безобѕирно управување со моторно возило.

При контролите, кај 19-годишниот Н.А., при преглед на патничко возило бил пронајден нож, по што е констатиран прекршок согласно Законот за оружје.

Во текот на акцијата било одземено и едно патничко возило поради измината важност на сообраќајната дозвола подолга од шест месеци, изречена е санкција за управување возило без положен возачки испит, како и мерка за преминување во спротивна сообраќајна лента.

За време на контролата биле контролирани 40 патнички возила, легитимирани 27 лица, а извршен е преглед на 25 возила.

Од СВР Скопје најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила со цел зголемување на безбедноста на патиштата.