Skip to main content
Македонија

Засилени контроли на АХВ: Хигиенски барања не биле задоволени кај 43 угостители

29/12/2024  17:54

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, кога операторите со храна имаат зголемен обем на работа поради поголемата побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во изминативе две недели спровеле вонредни, засилени контроли, при што за утврдените недоследности издадени се 55 решенија со наредби за нивно отстранување и изречени се 23 парични казни.

– Акцент со реализираните 244 инспекциски надзори беше ставен на угостителските објекти, каде се одржуват предновогодишни прослави. Кај 43 оператори утврдено е дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно, немаат спроведено процедури на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а кај четири е констатирано е дека не ги спровеле задолжителни здравствени прегледи на вработените лица – соопшти АХВ.

Пет од контролираните угостители не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. Како небезбедни, уништени се над 200 килограми храна.