Skip to main content
Спорт

Охрид со висока победа над Алкалоид го мина на табелата

12/11/2025  22:10

Во првиот натпревар од 12.коло од ракометната Супер лига вечерва во Охрид истоимената домашна екипа го совлада Алкалоид со 28:24.

Во првиот дел по 6:6 во 14.минута ракометарите на Охрид предводени од словенечкиот интернациналец Тилен Стрмљан стигна до висока предност од шест разлика која беше и на полувремето 17:11. Во второто полувреме избраниците на Кирил Лазаров намалија на 20:22, кон средина на полувремето. Но, домашниот тим во завршните повторно ја консолидираше играта и дојде до ново највисоко водство од 28:21.

Најефикасен на дуелот беше Стрмљан со 11 голови.

Со денешната победа Охрид со 19 бодови го мина Алкалоид на табелата и се искачи на третата позиција, додека тимот на Лазаров е на четвртото место со 18. Лидер е Вардар со 22 бода, пред Еурофарм Пелистер со 19.