Skip to main content
Македонија

Засега нема информации за македонскиот државјанин кој се води за исчезнат по несреќата во Кран Монтана

02/01/2026  11:50

Засега нема дополнителни информации за македонскиот државјаник кој се води како исчесзнат по пожарот во швајцарскиот зимски центар Кран Монтана.

– Последните информации кои ги добивме од надлежните институции се дека има една личност со македонско државјанство. Во контакт сме со швајацарските власти и полиција и очекуваме повеќе детали во однос на тоа, по што ќе ја информираме јавноста, изјави денеска владината портпаролка Марија Митевска, одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата. 

Стапено е во контакт со официјални претстваници на Швајцарија и понудена е помош.

– Стоиме на располагање и очекуваме доколку е потребно да побараат помош, рече Митева и во име на Владата изрази жалење и сочувство за несреќата во Кран Монтана.