Skip to main content
Свет

Засега нема индикации за мигрантски бранови поради војната во Иран

05/03/2026  08:58

Не се очекува ескалацијата на конфликтот во Иран да предизвика масовна миграција кон Европа, соопшти Европската комисија.

Комесарот за миграција на ЕУ, Магнус Брунер, по разговорите со шефот на турската дипломатија Хакан Фидан, истакна дека Турција „ја затворила граници кон Иран“.

Брунер пред три дена изјави дека сè уште не се забележани значајни движења на надворешните граници на Иран, но оти се следи ситуацијата и се контактира со партнерите од Блискиот Исток и со меѓународните организации.