Skip to main content
Живот

Засадете сладок компир – се продава по 200 денари за килограм

21/08/2025  16:23

Сладок компир (Батат)
Батат, или слаткиот компир, е тропско растение кое најмногу личи на обичен компир, има сладок вкус и содржи многу протеини. Потеклото на слаткиот компир е од Централна и Јужна Америка, а овој вид зеленчук неодамна се користи сè повеќе и повеќе во нашата земја.

Садењето на слаткиот компир обично започнува во мај. Слатките компири се одгледуваат од садници. Се садат на издигнати леи со употреба на градинарска фолија. Килограм од овој зеленчук во слободна продажба во нашата земја чини приближно 200 денари.

Во тропски услови е повеќегодишно растение, додека во суптропските и умерените реони е едногодишно. Расте и се развива при температури не пониски од 20°С, оптимумот е 30-35°С, додека при температура од 10°С не покажува животна активност.

Слаткиот компир се одгледува поради клубените кои се користат во исхраната на луѓето во варена, печена и пржена форма. Од него се добива и брашно кое се користи како додаток во лебот и кондиторските производи. Се употребува и за производство на алкохол, а се преработува и во шеќер.

Клубените во просек содржат: вода (69,0%), протеини (1,8%), масти (0,70%), скроб и шеќер (26,10%), целулоза (1,30%) и минерални материи (1,10%). Според енергетската вредност, слаткиот компир го надминува обичниот за 1,5 пати и во споредба со обичниот компир по вкус е многу сладок.

Хемискиот состав варира во зависност од реонот на одгледување, односно тој што е одгледуван во потоплите краишта, а особено во тропските, има повеќе шеќер, а помалку скроб. Се употребува и за исхрана на добитокот и тоа вегетативната маса и клубените кои се непогодни за исхрана на човекот.

Во одредени земји тој претставува и основна храна. Слаткиот компир е повеќегодишно растение, но се одгледува како едногодишно. И покрај името, слаткиот компир не е близок сродник на компирот (Solanum tuberosum).

Тој припаѓа на сосема друга фамилија, т.е. на фамилијата Convulvilacea (повивки), род Ipomo. Во тропски услови е повеќегодишно растение, додека во суптропските и умерените реони е едногодишно. Расте и се развива при температури не пониски од 20°С, оптимумот е 30-35°С, додека при температура од 10°С не покажува животна активност.

Надземниот дел и клубените угинуваат при температури пониски од 2°С. Вегетацискиот период е релативно долг и изнесува 130-180 дена во зависност од сортата и географската положба.

Оптимално количество врнежи во вегетативниот период е 750-1.000 мм, а најмалку 500 мм. Слаткиот компир се размножува вегетативно со изданоци кои избиваат од клубените. Тие се отчепуваат кога ќе достигнат височина од 20 цм и се садат на постојано место. Може да се размножува и со стеблени резници.

Постојат повеќе сорти. По однос на вкусот се делат на две групи: сорти со ароматичен вкус на тиква и сорти со вкус на костен, по печењето. Во умерените појаси се одгледува во плодоред. Основната обработка на почвата се состои од основно орање на длабочина од 30 см и култивирање на површината. Потоа се одбележуваат местата за садење. Бидејќи формира многу зелена маса и има голем принос, неопходно е ѓубрење со минерални ѓубрива. Според досегашни искуства во нашите климатски и почвени услови, односот на хранливите материи ИРК треба да биде 1:1,5:1,5, односно 60 кг/ха азот, 90 кг/ха фосфор и 90 кг/ха калиум.

Сортите што рано стасуваат се садат на растојание 70х40 см, а оние што доцна стасуваат на 80х50 см. Се сади подоцна напролет кога ноќните температури не паѓаат под 10°С, а почвата е доволно топла. Садењето може да биде рачно или со садачки машини. За производство на расад за еден хектар површина се потребни од 400-500 кг клубени со средна големина.