
Стојан Николов, градоначалник на општина Росоман реагира на известувањето од Министерството за финансии дека нема пари за да се стави во функција новиот објект од градинката кој е целосно опремен.
Според него ова еа чиста политика и кочење на неговата работа пред локалните избори, поради што 40 деца се уште се на листа на чекање, иако објектот може да биде во функција во секој момент и да ги згрижи.
„Жално е што Владата на ваков начин ги води политиките пред локалните избори. Локални избори не се добиваат врз грбот на децата и родителите. Локални избори се добиваат со многу работа и со чесност. Јас гарантирам, дека и без овие пари од Владата, јас ќе најдам начин новиот дел од градинката да биде отворен и 40 деца да бидат сместени“ велит тој.
Николов додаде и дека дека во февруари пак, добил допис со кој општината е известена дека парите биле обезбедени од Буџетот е дека за работи за над 2,4 милиони денари.