
Меркур, планетата на комуникацијата, интелектот и патувањето, од вчера 9 ноември, влезд во својата ретроградна фаза, носејќи турбуленции и предизвици за секој хороскопски знак.
Последното ретроградно движење на оваа планета во 2025 година ќе трае до 29 ноември, но некои знаци ќе ги чувствуваат последиците уште три недели потоа, до 16 декември.
Овен
Овој ретрограден Меркур ќе ви предизвика носталгија – по омиленото место за одмор, или град кој сте го посетиле, а сакате да одите пак.
Доколку постои можност за патување (евтини билети, слободни денови), испланирајте да заминете на неколку дена, но тоа нека биде по завршувањето на ретроградниот Меркур, по 29-ти месецов, зашто во спротивно може да очекувате компликации со самиот пат.
На површина ќе излезе и вашата посесивност, што ќе влијае неповолно на односот со саканата личност.
Бик
Во следните 20 дена бидете подготвени за многу изливи на љубомора од ваша страна, бидејќи ретроградниот Меркур месецов ќе влијае на партнерските и на интимните односи.
Бидете свесни дека на вашиот ум влијае ретроградниот Меркур, па не дозволувајте да ве „полуди“ сомнежот што го чувствувате.
Во овој период може да дојдат до израз и вашите внатрешни стравови, но тие не се резултат на нешто конкретно, туку на вашата лична несигурност и недоверба.
Но, добро е што во овие денови можете да најдете начин како повеќе да се поврзете со луѓето кои се веќе дел од вашиот живот.
Близнаци
Ретроградниот Меркур во ноември ќе придонесе да се нарушат партнерските односи. Блискоста со некоја личност ќе исчезне.
Бидете повнимателни во комуникацијата со луѓето, затоа што ретроградниот Меркур може да ве натера да кажете нешто за што ќе зажалите подоцна.
Во животот на некои Близнаци во овој период може да се појави и некоја стара љубов.
Ако решите да ѝ дадете втора шанса, направете го тоа внимателно, без преголем оптимизам.
Рак
Ретроградниот Меркур овој месец нема да ви дозволи да ги правите работите набрзина или по „скратен пат“, туку ќе мора да се посветите внимателно на сè ако не сакате да направите грешки кои ќе ве чинат скапо.
Во овој период треба да обрнете повеќе внимание и на здравјето, и немојте да бидете „сам свој лекар“, туку отидете на преглед и слушајте ги советите на докторите.
По 18-ти ноември може да очекувате денови со повеќе страст или романса која ќе се случи со неочекувана личност, но бидете внимателни и не се препуштајте на моментот без да размислите за последиците.
Лав
Ретроградниот Меркур ќе биде причина да почнете да фантазирате, да замислувате ситуации и разговори кои не постојат, особено ако сте изолирани од луѓето.
Ова може да ви донесе негативни чувства, бидејќи секогаш ќе ја барате негативната страна во секоја ситуација или замислен дијалог.
По 18-ти во вашиот живот може да се појави нова личност, која ќе ви го подобри расположението. А ако сте во долга врска, не ја загрозувајте поради краткотрајна возбуда.
Периодов потпрете се на неколкуте блиски пријатели што ги имате.
Девица
Во следните 20 дена очекувајте неколку нови познанства, луѓе кои ќе пробаат преку ноќ да се зближат со вас, но сепак не им дозволувајте веднаш да го направат тоа.
Бидете внимателни во комуникацијата, зашто некој ќе се обиде да ве изигра, дури и личност која сметате дека ви е блиска и дека добро ја познавате.
Можна е семејна драма по 18-ти, но ако се најдете во таква ситуација, подобро е да се повлечете отколку да пробате да „се разберете“. Во оваа ситуација може да бидат вклучени и некои соседи
Вага
Вашата енергија ќе биде „расфрлена“ на сите страни и нема да можете да се сконцентрирате, нема да знаете што да почнете, а што да оставите во однос на обврските и желбите што ги имате.
Кај некои Ваги во овој период ќе бидат изразени финансиските проблеми, па затоа трошете ги парите внимателно и мудро, за да не дојде до некое недоразбирање.
Ако сакате да се вклучите во нов деловен проект, обидете се да го одложите до почетокот на декември, зашто сега работите многу лесно може да тргнат наопаку.
Скорпија
Во текот на овој ретрограден тек на Меркур мора да се потрудите да поставите јасни граници во однос на тоа колку треба да трошите, зашто тоа ќе ви биде најголемиот проблем периодов.
На трошењето пари морате да внимавате особено во првите 10 дена, односно до 18-ти – не се задолжувајте, не потпишувајте договори, контролирајте го буџетот.
Позитивно е тоа што по 18-ти може да добиете шанса за нова деловна соработка со некој контакт што го имате од минатото.
Важно е сите одлуки периодов да ги носите сами, без да се потпирате на туѓи совети.
Стрелец
Додека трае последниот ретрограден Меркур годинава, обрнете внимание на внатрешниот глас, особено по 18-ти ноември.
Во овој период можеби ќе откриете кои важни цели сакате да ги постигнете до крајот на 2025 или што би требале да смените во својот карактер.
Позитивно е тоа што ќе најдете начин да ја искористите својата креативност и да постигнете работи за кои не сте ни помислувале дека се возможни.
Овој период нема да ви е ни малку лесен – можни се недоразбирања поради зборовите што ќе ги кажете.
Јарец
Во следните 20 дена, внимавајте како комуницирате со блиските, зашто својата негативна енергија може да ја пренесете на нив, или позитивната енергија што ја имате да биде „заразна“.
Во овие денови ќе фантазирате многу, ќе си замислувате ситуации кои не се реални и тоа ќе ве излудува.
Но, по 18-ти ќе се вратите во реалноста и ќе се поврзете со доверливи соработници и стари пријатели.
Водолија
За вас деновите на ретроградниот Меркур нема да бидат воопшто лоши. Во животот ќе ви се вратат неколку стари пријатели, и ќе ви донесат носталгија и радост.
Ќе успеете да се заштитите од погрешни информации и на тој начин нема да носите погрешни одлуки.
Ова ќе биде период во кој ќе се воздржувате да кажувате неубави работи за луѓето и ќе гледате позитивно на работите.
Риби
Во следните 20 дена ќе реагирате импулсивно во многу ситуации, но обидете се да се воздржите и да изброите до 10 за да не се доведете во непријатна ситуација.
Ретроградниот Меркур ќе ја зголеми вашата желба за авантура, па непромислено ќе влезете во ситуации во кои не би се впуштиле вообичаено.
Внимавајте како комуницирате со клиентите или со луѓето кои се на повисока позиција од вас – не го потценувајте нивниот авторитет.

