Skip to main content
Спорт

Започна пријавувањето за ПРВ ДО ВРВ 2025

27/12/2024  09:19

Започна раното пријавување за најголемиот планински спортски настан во регионот, Sparkasse Life PRVDOVRV 2025, кое следната година ќе се одржи на 18 мај.

Традиционално, на програмата на настанот се трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, електрични велосипеди и тим-билдинг трката за компании.

Раното пријавување им овозможува на сите заинтересирани да го обезбедат своето место во трката по пониска цена.

Пријавувањето за трките се одвива преку веб страната www.prvdovrv.mk.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.