Skip to main content
Хроника

Запленета дрога на автопатот Скопје-Велес, ја фрлил возач на мотоцикл откако ја видел полицијата

04/10/2025  20:23

Денеска (04.10.2025) околу 15:40 часот на автопат Скопје-Велес во близина на клучка Кадино полициски службеници од Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при движење забележале мотоцикл марка “Санјоу” со скопски регистарски ознаки кој се движел пред нив.

Откако ги забележал полициските службеници возачот фрлил ќеса со околу еден килограм марихуана, го оставил мотоциклот и се дал во бегство. Утврден е идентитетот на лицето и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.