Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на 31.12.2024 година лишија од слобода две лица – Џ.А. (29) од с. Синѓелиќ и Л.А. (33) од Скопје.
При акцијата, на импровизирана тезга кај Џ.А. биле пронајдени 8.598 пиротехнички средства, додека кај Л.А. се запленети 4.641 пиротехничко средство.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.