Skip to main content
Хроника

Запалиле сува трева, а пожарот се проширил на три куќи

08/06/2025  13:15

На 07.06.2025 околу 14.34 часот во Полициското одделение Старо Нагоричане било пријавено дека во с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, настанал пожар на сува трева и нискостеблеста шума, од кој делумно биле зафатени три куќи.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, а повредени лица нема.

Извршен бил увид.