Skip to main content
Хроника

Запалено возило во Батинци

10/11/2025  16:30

Денеска (10 ноември) околу 03:22 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Батинци, на место викано „Дрешница“, е опожарено патничко возило марка „Хонда“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 43-годишниот Н.Р. од село Црн Врв.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а за среќа нема повредени лица.

На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, која работи на целосно расветлување на случајот.