Во Штип повторно е запалено возило, овојпат на поранешниот началник на Секторот за внатрешни работи, Б.Г. Инцидентот се случил на улицата „Ванчо Китанов“, пред станбената зграда, а полицијата била известена во пет минути по полноќ.
Запаленото возило е „фолксваген голф“ со штипски регистерски ознаки, сопственост на ќерката на Гидиоски, но тој бил редовен корисник на автомобилот.
Ова е второ запалено возило во Штип за само три дена, а четврто за помалку од два месеца. Претходно во октомври беше запалено возило на управителот на регионалната телевизија М-Нет, а во последните денови во Штип се случиле уште два инцидента со запалени возила, во населбата Балканска и на улица „Сремски фронт“. Полицијата продолжува со истрагата за овие инциденти.