Skip to main content
Хроника

Запалена влезната врата од стан во зграда во скопски Аеродром

09/09/2025  14:09

Ноќеска во 03:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. Владимир Комаров во Скопје настанал пожар на влезна врата од стан во зграда, сопственост на З.Т.(57) од Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во пожарот била опожарена само влезната врата, а повредени лица нема. Полициски службеници од Полициска станица Аеродром излегле на местото и се работи на расчистување на случајот“, се вели во полицискиот билтен.

Предходно Инфомакс објави дека станува збор за стан на поранешен висок полициски функционер и оперативец З.Т.