Skip to main content
Хроника

Запален „ренџ ровер“ во Шуто Оризари: маскирано лице истурило течност и избегало

17/03/2026  14:12

На 17.03.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.О.(37) од Скопје.

Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале едно маскирано лице кое истурило течност на возилото, по што веднаш се запалило возилото.

Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.