
Вчера во 21:30 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишија од слобода Б.Н.(43) од с.Чегране, постапувајќи по претходна пријава истиот ден дека праќал пораки со заканувачка содржина на А.А.(41) од с.Градец, гостиварско.
Тој е задржан во полициска станица и по преземени мерки утврдено е дека имал слободни денови и бил пуштен од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувал затворска казна.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава