Skip to main content
Свет

Захарова ги обвини ОН за „стратешко молчење“ по нападот врз училиште во Иран

11/03/2026  13:45

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го осуди, како што го нарече, „стратешкото молчење“ на Обединетите нации по американско-израелскиот напад врз основно училиште за девојчиња во Иран.

-Погледнете како светската заедница, вклучително и ОН, вешто успева да ја сврти главата дури и кога фактите буквално бодат во очи и ја погодуваат свеста. Но тоа може да се „задуши“. Може да се пушти бел шум. Како што велеа во ЕУ? Потсетувам: „стратешка тишина”– изјави Захарова.

Иранските власти тврдат дека САД и Израел на првиот ден од воената операција погодиле училиште во градот Минаб, на југот на Иран, при што загинале 168 деца.

Американските власти, пак, соопштија дека е отворена истрага за случајот.