Skip to main content
Хроника

Загрижена мајка се јавила во полиција – пријавила дека соседот ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка

16/07/2025  15:14

Вчера околу 19.20 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека нивниот сосед Џ.С. ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка.

За настанот е известен јавен обвинител.

Полицијата соопшти дека се работи на негово расчистување, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.