Skip to main content
Свет

Загинати и повредени во несреќа помеѓу автомобил и патнички автобус во Турција

30/03/2025  20:54

Во округот Манавгат во Анталија, две лица загинаа, а четири беа повредени по судир меѓу автомобил и патнички автобус. Загинатите се од исто семејство, соопшти „Си Ен Ен Тјурк“.

По добивањето на дојавата, на местото на несреќата биле испратени тимови на жандармеријата и медицински екипи.