Skip to main content
Хроника

Загина маж од Паланечко, изгубил контрола и паднал од мопед

05/01/2026  13:24

На 04.01.2026 во 11:00 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на локалниот пат во с.Дурачка Река, кривопаланечко, кај место викано „Мушкаричина бавча”, 83-годишниот К.М. од с.Кошари, кривопаланечко, управувајќи мопед „томос”, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје, каде што подоцна починал.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на Судска медицина за обдукција, а увид извршила увидна екипа на ОВР Крива Паланка.