Skip to main content
Македонија

Загина лице во сообраќајна несреќа на патот Кочани – Виница

17/12/2025  16:13

Возач почина на лице место во сообраќајна несреќа на патот Кочани – Виница. Вчера попладне во 17:35 било пријавено дека на местото ,,Сланечки дол” патничко возило „Пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.К. (48) од Виница, излетало од патот.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, возачот починал на местото на настанот од повредите, додека лекар од Итната медицинска помош ја констатирал неговата смрт.

„По упатства на јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Кочани извршила увид“, соопшти Министерството за внатрешни работи.