Skip to main content
Хроника

Загина 69-годишен маж, со возилото излетал од патот во Гостиварско

21/10/2025  13:14

На 20.10.2025 во 09:20 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионален пат Гостивар-с.Србиново, на влез за с.Лакавица, патничко возило „даеву ланчија“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Ф.(69) од с.Беловиште, гостиварско, излетало од патот.

-Од здобиените повреди на местото починал возачот Т.Ф., смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на место извршила увидна екипа од ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.