Skip to main content
Македонија

Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

03/07/2025  15:29

Oткако теримините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ ќе бидат отфрлени во Извештајот на Европскиот парламент, со свој став се јави поранешниот координатор за регионални иницијативи и Отворен Балкан, Марјан Забрчанец.

Тој во својата објава прашува дали “иницијативите” на Мицкоски за меѓународна верификација на македонскиот јазик и идентитет се обична фарса која е однапред осмислена да заврши со неуспех и истовремено издвојува низа примери за меѓународна верификација на македонскиот јазик.

„Погледнете дел од верификациите, потврдите, впишувањата, заверувањата на македонскиот идентитет и јазик во периодот 2017 – 2024:

„01.08.2017 – Република Македонија и Република Бугарија потпишаа Договор за добососество на македонски јазик
17.06.2018 – Република Македонија и Република Грција го потпишаа Договорот од Преспа со кој се потврдува македонскиот јазик и идентитет. Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство. Според членот 1 (3) од Договорот, официјален јазик на нашата држава е „македонски јазик“ кој е преведлив на сите јазици (на пример, на англиски јазик „Macedonian language“). Без никаква фуснота со дообјаснување. Македонскиот јазик е потврден – идентитетот е зачуван
2019 – При промената на уставното име, Обединетите Нации го потврдуваат македонскиот јазик како единствен официјален јазик за меѓународна употреба, во личната карта на Република Северна Македонија
07.2022 – Усвоена е прговарачката рамка меѓу МК и ЕУ, јазикот јасно именуван како македонски
28.07.2022 – Официјално регистриран Центарот за македонски јазик во Грција“
26.10.2022 – Потпишан е Фронтекс – Прв договор меѓу Северна Македонија и Европската Унија потпишан на македонски јазик

19.03.2023 – Основниот суд во Лерин фицијално одби повеќе барања/тужби за поништување на првичната одлука за одобрување на барањето за неговата регистрација
15.06.2023 – Бундестагот ја изгласа резолуцијата за поддршка на македонскиот јазик, култура и идентитет
09.2023 – Мичиген и Илиноис го прогласија септември за месец на македонскат култура во САД
17.06.2024 – Нимиц: “Посебноста на македонскиот јазик е светски призната и потврдена, не може да се преговара за нечиј идентитет” пишува Забрчанец.