
Зараната за тешки товарни возила е укината на патниот правец Берово – Струмица во 15.30 часот, соопшти ЈП Македонија пат.
Претходно јавното претпријатие информираше дека се укинати и забраните за сообраќај на камиони на патниот правец крак Маврово – Дебар (во 13 часот) и на патниот правец Тетово – Попова Шапка (во 11.20 часот).