
Воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – ГП Ќафасан – информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Како што појаснуваат од АМСМ, забраната е воведена од 18.15 часот.
Од 17:00 часот граничниот премин Евзони (ГП Богородица) е затворен за сите видови на возила. Блокадата ќе трае до 10.01.2026 година до 17:00 часот.
На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10.01.2026 г. до 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка, Стража, Македонски Брод и Буково.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
