Skip to main content
Скопје

Забрана за движење низ шуми и шумски појаси – не важи за парк-шумата Водно

05/07/2025  21:15

Јавното претпријатие „Национални шуми“ информира дека, по налог од Центарот за управување со кризи, се воведува привремена забрана за движење на граѓани низ шуми и шумски појаси низ целата држава, со цел превенција од пожари во екот на летниот топлотен бран.

Забраната важи за сите лица кои не се дел од институции со службени овластувања, и ќе биде во сила сè додека трае опасноста од појава на пожари.

Од „Национални шуми“ потенцираат дека овој режим на забрана не се однесува на парк-шумата Водно и националните паркови, каде движењето останува дозволено. Сепак, од институцијата апелираат до граѓаните да бидат внимателни и одговорни при престој во природа, и да пријават евентуални забележани пожари или сомнителни активности.

Одлуката е донесена согласно зголемениот ризик од пожари поради високите температури и сувото време, а контроли ќе се вршат од страна на надлежните служби.