
Доколку сакате брзо уживање и сакате кокос, тогаш бомбиците се одличен избор за десерт. Потребни ви се само неколку состојки и 10 минути подготовка за да уживате во овој едноставен, но вкусен десерт.
Можете исто така да го прилагодите на вашите сопствени преференции, па можете да ги направите без бадеми или едноставно да користите некои други јаткасти плодови што ги сакате.
Состојки: 400 грама бело чоколадо, 200 милилитри слатка павлака, бадеми и 200 грама кокос.
Подготовка: Најпрво треба да ги избланширате бадемите за да ја извадите кората. Истурете вода во мало тенџере и оставете да зоврие. За тоа време можете да почнете да ја подготвувате и смесата за бомбиците.
Додека водата не зоврие, во друго тенџере на тивок оган или на пареа растопете го чоколадото заедно со слатката павлака. Кога се ќе се растопи додадете 100 грама кокос, промешајте и тргнете го тенџерето од оган. Оставете ја смесата да се излади.
Кога водата за бадемите ќе зоврие, ставете ги во водата и оставете ги да се варат точно една минута. Не треба подолго да ги варите бидејќи ќе станат меки. После тоа, исцедете ги и исплакнете со ладна вода. На овој начин ќе го прекинете процесот на „готвење“.
Избришете ги со хартиена крпа и нежно извадете ја лушпата од бадемите. Нека се исушат уште малку. Откако смесата ќе се згусне, земете ја саканата количина, додадете ги бадемите и формирајте бомбици. Секое топче извалкајте го во преостанатиот кокос.