Skip to main content
Македонија

За тапанарот Џоко и жртвите од „Пулс“ ќе се прави споменик во Струмица

11/06/2025  10:35

Димитар Ѓоргиев, братот на трагично починатиот тапанар од групата „ДНК“, Џоко Ѓоргиев, покрена хуманитарна кампања за прибирање 30.000 еврa. Средствата се наменети за изградба на споменик во центарот на Струмица – во знак на сеќавање на Џоко и на сите жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, кој се смета за најголемата несреќа во поновата македонска историја.

Според информации на „Слободен печат“, споменикот ќе биде поставен на струмичкиот плоштад, а за неговата изработка е ангажиран академскиот уметник Митко Тошев – сликар и вајар, кој предава во гимназијата „Јане Сандански“.

Во образложението на иницијативата се наведува дека споменикот ќе претставува симбол на вечниот препород – не само за Џоко, туку и за сите 62 животи што згаснаа во трагедијата.