Skip to main content
Македонија

За следниот неработен ден ќе почекаме: Еве уште колку остануваат до крајот на годината

12/06/2025  12:47

Следен празник и неработен ден е 2 август, но тој се паѓа во сабота, а по него е 28 август.

Ова се празниците и неработните денови што ни остануваат до крајот на годината:

За сите граѓани во државата

2 август (сабота), Ден на Републиката;
8 септември (понеделник), Ден на независноста;
11 октомври (сабота), Ден на народното востание;
23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба;
8 декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

1 ноември (петок), Празникот на сите светци;
25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на еврејската заедница

2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на албанската заедница

22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на турската заедница

21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница

28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците.