
За денеска во 12 часот закажана е лидерска средба на барање на премиерот Христијан Мицкоски.
Како што е потврдено на средбата учество ќе земат лидерите на партиите со пратенички групи во Собранието.
Но меѓу нив нема да биде најголемата опозициска партија СДСМ.
Лидерот на партијата Венко Филипче одби да учествува на средбата со образложение дека „нема да се среќава со криминалци“.
Но и покрај ваквиот став на СДСМ и Филипче, Мицкоски реши дека средба ќе има.
Со тоа се прави совевиден преседан на политичката сцена, односно за првпат да се одржи лидерска средба на која нема да учествува најголемата опозициска партија.
Техничката влада се донесе со консензус, а ќе се укине еднострано?
Меѓу темите за кои ќе се разговара е и темата за потребата од техничка (Пржинска) влада 100 дена пред избори.
Овој инструмент беше воведен во 2016 година, во заеднички договор помеѓу власта и опозицијата.
Тогаш, дури и од странски фактори беше потврдено дека тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребува институциите по што во Пржино беше постигнат договор меѓу власта и опозицијата за воведување на „Пржинска влада“ 100 дена пред избори.
Иако околностите подона драмтично се сменија и институциите се ослободија од партиските стеги, сепак преодната влада продолжи да функционира и на вонредните избори во 2020 година и на изборите во 2024 година.
Денес, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат без согласност на главната опозција да ја укинат техничката влада.
На тоа укажува и СДСМ кој бара техничката влада да остане.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем. Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери. Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“ велат од Бихаќка.
