
Микробрановата аблација (MWA) на тироидна жлезда за првпат е изведена во ГОБ „8 Септември“ во Скопје на 30 мај 2025 година, од страна на одделот за интервентна радиологија, под прокторство на проф. Булент Чекич од Анталија, Турција.
Како што информира директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, на четирите интервенции претходеле работилница и обука, означувајќи значаен напредок во третманот на тироидни заболувања во Македонија, земја со висока преваленца на овие состојби.
MWA е минимално инвазивна техника со повеќе предности:
• Без хирургија: Не бара општа анестезија и не остава лузни.
• Брзо закрепнување: Се изведува во дневна болница, а пациентите се отпуштаат по неколку часа.
• Зачувување на тироидната функција: Здравиот дел од жлездата останува недопрен, намалувајќи ја потребата од доживотна хормонска терапија.
Оваа метода, заедно со етанолската аблација, ќе биде дел од минимално инвазивните процедури за третман на тироидни нодули во ГОБ „8 Септември“. Воведувањето на MWA е значајно за подобрување на ефикасноста на здравствениот систем и квалитетот на живот на пациентите.
Честитки до тимот на ГОБ „8 Септември“ за овој напредок!“, вели Клековски.