
Државниот јавен обвинител вечерва во телевизиско интервју рече дека за еден член од бендот кој е осомничен за пиротехниката нема во моментов да се води постапка поради лоша здравствена состојба.
„Има одредени лица кои што се во тешка здравствена состојба и со консултација со лекарите за нив во моментов е одлучено дека не се во состојба за нив да се води постапка ниту да дадат изјава, за жал“, рече државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва во интервју за ТВ24.
ТВ24: Дали е меѓу нив осомничениот кој беше дел од бендот ДНК?
Коцевски: Такви информации не можам да споделувам, но има и такви.