Skip to main content
Скопје

За нови 48 часа е продолжен притворот за четворица осомничени за пожарот во Трубарево

17/09/2025  11:15

Четири лица осомничени за пожарот во Трубарево, остануваат во притвор уште најмалку 48 часа, информира денеска Јавното обвинителство.

„Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица, велат од Државното јавно обвинителство.

Денеска, според најавите, треба да почне и увидот на лице место за причините за пожарот.

Пожарот избувна на 13 септември околу 14 часот во складиште за рециклирање отпад во Трубарево и гореше повеќе од 15 часа, време во кое од опасниот отпад се испуштаа канцерогени честитчки.