
За премиерот новинарско прашање за тендерот на МВР за полициски униформи со кој една од фирмите регистрирана само 20 дена пред распишување на тендерот без претходно искуство во оваа дејност ќе добие од МВР дел од тендерот вреден 3,8 милиони евра се “естрада” и како што рече прашањето според него било “наведувачко“.
Мицковски проба да го одбрани министерот Тошковски обидувајќи се да го релативизира овој скандал и повика истражните органи да го испитаат овој случај ама и да ги испитале и сите претходни набавки од претходната власт на МВР. Мицковски се обиде да ја прекине новинарката на Ал Џезеира да му постав доплнително прашање за овој скандал повикувајќи ги другите новинари да постават прашањ,е а таа ако сака интервју да побара претходно.
Имаку малото модно студио „Ле бранд дизајн“ од Битола, кое последниве години има приходи од околу 20 илјади евра на годишно ниво и просечно два до три вработени, го добило делот за униформа во шара чија вредност може да достигне 2,13 милиони евра.
Фирмата „Памитекс тим“, пак, формирана 20 дена пред да се распише тендерот и со сопствеништво од Србија, го добила делот од договорот за еднобојни униформи вреден 1,7 милиони евра.