Skip to main content
Скопје

За една недела во Општина Центар „пајакот“ отстранил 132 непрописно паркирани возила

20/01/2025  10:08

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 13.01. до 19.01.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.