
МВР ја информира јавноста дека периодот од 01-09.12.2025 година како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 6151 издадени платни налози, 1573 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 44 лица, од кои 33 за возење под дејство на алкохол, двајца возачи за возење во забранет правец, пет лица за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, а четири лица за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 1511 прекршоци за непрописно паркирање, 620 мерки се изречени за возачи кои управувале возило без возачка дозвола, 39 санкции за минување на црвено светло, изречени се 32 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, како и 173 санкции за возење под дејство на алкохол.
Санкционирани се и 349 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас, како и 214 мерки за возачи поради користење мобилен телефон при возење. Согласно Законот за возила, 119 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 62 заради техничка неисправност. Изречени се и соодветни мерки за 28 возачи на моторни возила поради затемнети стакла односно непрописно вградени фолии.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР.
