Skip to main content
Хроника

За 48-часа продолжен притворот за сопругот на мајката која почина со својата ќерка по пад од зграда во Карпош

05/03/2026  12:32

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска која заедно со нивната ќерка падна од шест кат во скопски Карпош.

Се постапува по издадените наредби за вештачење на три мобилни телефони и на други предмети, се обезбедуваат и анализираат видео записи од повеќе критични локации, а се обезбедува и целокупната документација за претходни поплаки и пријави за семејно насилство кои се однесуваат на осомничениот и починатата жена, соопштуваат од Обвинителството.

Дополнително се преземаат и други дејствија од значење за докажување на кривичните дела чии елементи се испитуваат во моментов.