Skip to main content
Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат

14/07/2025  21:22

Според Европската статистичка агенција, Евростат, овој процентен пад е највисок во Европа, а по Албанија следува Бугарија, која изгубила 12,3 отсто од своето население во текот на изминатата деценија, па Македонија со 11,4 проценти.

Во регионот, речиси сите земји се зафатени со бран на емиграција, а земја што успеала да го задржи своето население речиси непроменето е Црна Гора, која бележи зголемување од 0,6 отсто.

Македонија изгубила 11,4 отсто од населението во споредба со 2011 година, најмногу во Европа по Албанија и Бугарија, покажуваат податоците на Евростат. Зад Македонија се Босна и Херцеговина и Хрватска.

Населението на Албанија е намалено за 18 проценти на крајот на 2024 година, споредено со бројот во 2011 година. Во предметните периоди, кога се спроведени пописите на населението, во земјата бројот на населението се намалил за над 500 илјади жители, објави еуроњуз.ал (euronews.al).