Skip to main content
Балкан

Вучиќ во среда се враќа на своите работни обврски

05/05/2025  18:31

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе се врати на своите работни обврски на 7 мај, по што во тој ден ќе има средби со рускиот и британскиот амбасадор, јавија српските медиуми.

MK Summit

Во истиот ден – вечерта – српскиот претседател ќе и се обрати на граѓаните. 

Вучиќ во саботата попладне беше примен на Военомедицинската академија (ВМА) во Белград. На него ненадејно му се слошило за време на посетата на САД, по што побарал медицинска помош и по прегледот била донесена одлука да се врати во Србија. Поради тоа, не можеше да се појави на главните настани за кои беше во САД.