Skip to main content
Балкан

Вучиќ телефонски разговарал со Зеленски

26/12/2024  21:19

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со претседателот на Србија за „зајакнување на односите меѓу двете земји“.

– Се заблагодарив на Србија за финансиската и хуманитарна поддршка и ги координиравме нашите напори на заедничкиот пат кон интеграцијата во ЕУ. Претседателот Вучиќ му ја честиташе Новата година на украинскиот народ и изрази надеж за постигнување мир што е можно поскоро, објави Зеленски на X.

– На почетокот на оваа недела ги прифатив акредитивните писма на новиот српски амбасадор. Верувам дека обновената и полноправна работа на српската амбасада на чело со амбасадорот ќе ја подобри нашата соработка, додаде украинскиот претседател.