Skip to main content
Балкан

Вучиќ: Србија гради силна војска за никој да не помисли на напад

16/03/2026  22:25

Србија продолжува да ги зајакнува своите одбранбени капацитети. Александар Вучиќ, спрскиот претседател нагласи дека инвестициите во војската не се насочени кон никого, туку служат како гарант за мирот и стабилноста во регионот.

Вучиќ истакна дека современата безбедносна ситуација во светот бара од државите да бидат подготвени за секакви сценарија, а Србија, како воено неутрална земја, мора да се потпре на сопствените сили.

„Србија гради силна одбрана. Нашата цел е нашата земја да биде толку силна, што никој никогаш нема да помисли да нè нападне“, изјави Вучиќ при посетата на воени капацитети.

Тој најави и натамошни набавки на софистицирано вооружување, како и зголемување на стандардот на припадниците на српските вооружени сили. Српскиот лидер подвлече дека само воено моќна Србија може да ја заштити својата територија и своите граѓани во денешните турбулентни времиња.