Skip to main content
Балкан

Вучиќ со порака: „Србија живее“

15/03/2025  19:28

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи на својот Инстаграм профил со силна порака во време на масовните студентски протести во Белград.

„Србија живее“, напиша Вучиќ покрај фотографија од Генералното собрание на ОН, каде обвиен во српското знаме се бореше против резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

Во меѓувреме, во Белград продолжуваат протестите. Илјадници студенти и граѓани денеска ги блокираа главните сообраќајници и се собраа кај Славија. Иако протестот беше најавен, тој не беше официјално пријавен во Министерството за внатрешни работи, што е законска обврска за секој организатор.

Додека градот е во блокада, Вучиќ со својата објава испрати порака за тоа кој, според него, вистински се бори за Србија.