Skip to main content
Балкан

ВУЧИЌ ПРИФАТИ: Србија оди на предвремени избори во 2026 година

28/12/2025  21:19

Вечерва престседателот на Србија Александар Вучиќ се обрати по повод отсранувањето на шаторката населба пред Парламентот популарно наречена Чациленд.

Говорејќи на повеќе теми и правејќи рекапитулар на изминатата година, Вучиќ пред крајот на своето обраќање рече дека е прифатено барањето на студентите за вонредни избори следната година.

„Го прифативме нивното главно барање. Следната година одиме на избори, само што тие нема да бидат задоволни од резултатите. Ќе ги победиме со вашата сила и љубов, тие секогаш се посилни од нивната омраза“- рече Вучиќ вечерва.

Денеска студентите во блокада во педесетина градови собираа потписи со барање за спроведување на предвремени парламентарни избори.