
Претседателот на Србија смета дека оваа година ќе биде политички тешка бидејќи е изборна година и дека вонредни парламентарни избори ќе бидат организирани во октомври, ноември или декември.
Тој за ТВ Информер изјави дека датумот на изборите зависи од договорот на политичките актери, доколку, како што нагласи, сакаат да се договорат.
Студентите во блокада веќе долго време бараат распишување вонредни парламентарни избори.
Вучиќ повтори дека оваа година ќе биде најуспешна за државата во економска смисла.
Според него, важно е за народот на Србија да се зачува мирот и стабилноста и да се „обединиме“.
Вучиќ додаде дека се надева дека во наредниот период ќе може државата да купи барем уште пет проценти од акциите во НИС, бидејќи тогаш би имала целосна контрола врз тоа што прави мнозинскиот сопственик.

