
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Хрватска „се вооружува со драматична брзина“, коментирајќи го договорот за купување германски тенкови „Леопард“.
Тој нагласи дека во регионот и во Европа расте побарувачката за оружје, но Србија ќе преземе мерки за да го зачува мирот. Вучиќ оцени дека хрватските реакции на српската набавка на авиони „Рафал“ се „нервозни“ и порача дека Србија ќе продолжи да ја зајакнува својата војска како одвраќачка сила.
Според него, секојдневно пристигнува нова опрема, а состојбата во армијата е „неспоредлива“ со онаа од пред десет години. Тој додаде дека Србија веќе располага со неколку илјади камикази-дронови и планира да ја зголеми бројката на десетици илјади. Вучиќ предупреди дека трката за модерно оружје и недостигот од персонал ја туркаат Европа повторно кон воведување воени рокови.


