
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Давос изјави дека постојат земји во Европа кои силно лобираат против интересите на Србија. Тој конкретно ги спомена балтичките земји, Холандија, Бугарија и Хрватска како дел од тие кои активно работат против српските позиции.
„Сите овие земји, и секогаш една голема сила која се прави наивна, работат против Србија“, изјави Вучиќ, истакнувајќи го нивното влијание врз односите со Србија.
И покрај овие предизвици, Вучиќ нагласи дека Србија има доверба во „силата на американскиот аргумент“ и дека продолжува дијалогот со американските партнери.
Овие изјави доаѓаат во време на зголемени тензии на Балканот и актуелни дипломатски активности околу геополитичките прашања во регионот.