Skip to main content
Македонија

Вториот блок на РЕК Битола конечно повторно вклучен во електродистрибутивната мрежа

23/06/2025  19:59

Вториот блок на РЕК Битола, попладнево од 18:18 часот  повторно е вклучен во државната електродистрибутивна мрежа, соопштија од секторот за односи за јавност на комбинатот.

Од РЕК Битола информираат дека по неколколкудневни напори за санација на ормарот за електро управување на Блок 2, кој како што е познато беше опожарен на 18 јуни, попладнево повторно е пуштен во употреба и е синхонизиран на електродистрибутивната мрежа.

Сомнежот за саботажа во РЕК Битола го истражуваше МВР и се очекува информација од спроведената истрага.