Skip to main content
Скопје

Втор круг за градоначалник ќе има во четири скопски општини

20/10/2025  08:33

Државната изборна комисија до утрово ги преброја сите гласови во општините на Град Скопје.

Во Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров убедлива победа однесоа актуелните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, Бобан Стефковски и Александар Стојкоски.

Кисела Вода ќе добие нов градоначалник откако Бети Стаменковска Трајкоска победи убедливо на вчерашните избори.

Во Чаир во првиот круг победи Изет Меџити од ВРЕДИ освојувајќи 51.82% од гласовите, додека во Сарај ВРЕДИ исто така доби градоначалник во името на Мухамет Елмази.

Во Карпош, Аеродром, Центар и Шуто Оризари ќе се гласа повторно за две недели.

Во Карпош кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сотир Лукровски има предност пред Стевчо Јакимовски, во Центар во првиот круг води актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

Во Аеродром во вториот круг ќе се соочат Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Трајановски од СДСМ, додема во Шуто Оризари битката за градоначалник во втор круг ќе ја водат актуелниот градоначалник Курто Дудуш и Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ.